Мешаница на небото над северот на Европа

Руското Министерство за одбрана соопшти во понеделникот дека руски ловец пресретнал норвешки разузнавачки авион, а против руска присутнос во „опасен“ воздушен простор полетале дански и британски борбени авиони.

Во соопштението на руската војска се наведува дека ловецот од типот „МиГ-29“ на противвоздушните сили на Северната флот бил испратен во воздушниот простор на Баренцовото Море над Арктикот каде што бил забележан авион „Boeing P-8A Poseidon“ на норвешката морнарица. Станува збор за морнарички авион за набљудување и шпионирање, кој летал кон рускиот воздушен простор но бил принуден да се сврти назад со приближувањето на ловецот.

Министерството за одбрана нагласува дека рускиот ловец летал строго во согласност со меѓународните воздушни прописи без да ја пресекува рутата и да се приближува кон странски авион.

Пресретнувњето е операција на следење на авион за кој ќе се процени дека е преблизу воздушниот простор на другата земја или влегол веќе во неа, физички е забележан по исклучување на уредите за идентификација или не одговара на предупредувањата.

Воздушните инциденти меѓу авионите на земјите членки на НАТО и руските авиони зачестија последната деценија, уште пред превратот во Украина во 2014 година, со приближувањето на Северноатлантскиот сојуз до границите на Русија.

Во понеделникот два дански борбени авиони „F-16“ полетале над Северното Море поради сомневање во присутноста на руски воен авион, потврди данското Министерство за одбрана.

Борбените авиони успеале да идентификуваат руски авион во меѓинародниот воздушен просор, изјавил за германската новинска агенција DPA, порпаролот на воздухопловните сили на Данска, без да наведе за какво летало станува збор.

„Меѓутоа, немаше повреда на данскиот воздушен простор… Изразот пресретнување, кој се појави во медиумите, во овој случај е пресилен“, додал портпаролот.

Слични инцидентот веќе често се случувале, истакнал и потврдил дека руските авиони имеле право да бидат во меѓународниот воздушен простор.

Истовремено Велика Британија објави дека нејзини борени авиони од типот „Typhoon“ пресретнале два руски бомбардера со долг долет, следејќи ги додека минувале северно од Шетландските острови, „подготвени да се спротистават на секоја потенцијална закана за територијата на Обединетото Кралство“, според државниот секретар за вооружените сили Џејмс Хипи.