Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Аргентинецот Лионел Меси, ќе биде првиот фудбалер на светот кој дел од својата плата ќе ја зема во криптовалута, објави неговиот нови клуб францускиот Пари Сен Жермен.
Парижаните воведоа нова криптовалута PSG Fan Token, за да ги врзат и фудбалерите и навивачите, пренесуваат медиумите.
Трансферот на Меси од Барселона во ПСЖ минатиот вторник одекна пред неколку дена, а претставувањето на новиот дрес со бројот 30 кој веќе урива рекорди во продажбата, беше дел од традиционалните фудбалски трансфери на ѕвездите од врвна класа.
Новина во трансферот на 34-годишниот Меси не е само големата заработка на фудбалерот, туку и формата на неговото плаќање. Првпат во историјата на фудбалот дел од двегодишниот договор ќе биде исплатен во криптовалути, со коишто се тргува на релевантните виртуелни берзи.
Издавал на кротовалутата е компанијата „Socios“, којашто веќе работи со клубови како што се Арсенал, Манчестер Сити и Јувентус, додеак ПСЖ на ист чекор се реши минатата 2020 година.
Вкупниот обем на криптовалтата сега пораснал на 1,2 милијарди евра, наведува Reuters.