3.8 C
Skopje
петок, декември 27, 2024

Меси доби мурал на 22-катница во родното Росарио

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лионел Меси, во родното Росарио доби мурал висок дури 69 метри.

Графитот наречен „Од друга планета, од мојот град“, на 22-катница го насликаа локалните уметници Марлен Зуриага и Лисандро Уртеага.

Меси е насликан со рака на срцето под силни сончеви зраци со капитенската лента во аргентинскиот дрес со бројот 10.

Муралот е дел од поширок проект, наречен „Common Messi“, кој има за цел да ги прошири сликите со ликот на фудбалската ѕвезда родена во Росарио на сите згради во градот.

Меси првите фудбалски чекори ги направи во локалниот клуб Грандол, од каде на шестгодишна возраст се пресели во аргентинскиот прволигаш од Росарио, Невил Олд Бојс.

Во 2000-та година замина за Барселона, а во август годинава потпиша договор со париски ПСЖ.