
Меѓународната хуманитарна организација „Peace & Sport“ (мир и спорт) го избра напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, за личност на годината.
– При нашиот избор особено ја ценевме ангажираноста на Меси во работата на неговото здружение што поттикнува вклучување во образовниот процес и социјална инклузија на сиромашните деца ширум светот, а особено во Шпанија, Аргентина, Мозамбик, Палестина, Кенија, Сирија и Непал – наведе организацијата „Peace & Sport“.
– Почитта кон другите ја научив додека бев дете и тоа секогаш настојувам да го применувам на фудбалскиот терен – изјави Меси по повод наградата.
Организацијата „Peace & Sport“, исто така, додели награда и на Олимпискиот комитет на Косово.
Претходни добитници на наградата на „Peace & Sport“ се Сија Колиси, првиот црномурен капитен на јужноафриканскиот рагби тим, како и францускиот фудбалер Блез Матуиди.
МИА