Меси е најдобриот играч во историјата на ЛШ во однос на головите и натпреварите

Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси е прогласен за најдобар играч во историјата на Лигата на шампионите според бројот на постигнати голови и бројот на одиграни натпревари.

Аргентинецот е лидер во поредокот со 114 голови постигнати на 141 натпревар воп елитното натпреварување или сооднос 0,8.

Големиот ривал на Меси, Кристијано Роналдо е трет.

Најдобрите фудбалери во Лигата на шампионите според односот на постигнати голови на одиграни натпревари:

  1. Лионел Меси (141 натпревар, 114 голови, 0,8 сооднос)
  2. Руд ван Нистерлој (73 натпревари, 56 гола, 0,77)
  3. Кристијано Роналдо (169 натпревари, 128 гола, 0,76)
  4. Роберт Левандовски (86 натпревари, 64 гола, 0,74)
  5. Нејмар (57 натпревари, 35 голови, 0,61)
  6. Филипо Инзаги (81 натпревар, 46 погодоци, 0,57)
  7. Единсон Кавани (62 натпревари, 35 голови, 0,56)
  8. Серхио Агуеро (71 натпревар, 39 погодоци, 0,55)
  9. Карим Бензема (119 натпревари, 64 гола, 0,54)

10. Раул (142 натпревари, 71 погодок, 0,5).