Аргентинскиот фудбалски велемајстор Лионел Меси ја продолжува својата битка со раководството на Барселона, а овојпат ги нападна челниците на клубот поради односот и бркањето на уругвајскиот голгетер Луис Суарез.
Меси не го криеше разорачувањето од начинот на кој водството на Барселона се однесува кон Суарез кого го пречкртаа на „Камп Ноу“ и според сѐ судејќи тој кариерата ќе ја продолжи во мадридскиот ривал Атлетико.
„Заслужи простување (од дресот – з.р.) достоен за еден од најважните играчи во историјата на клубот. Не заслужи да те протераат како што го сторија тоа. Но вистина е дека тоа повеќе не ме изненадува“, напиша Меси во емотивната проштална порака на Instagram.
„Ќе му биде тешко да те гледам во друг дрес и уште потешко да се игра против тебе. Ти посакувам сѐ најдобро на твојот пат. Се гледаме наскоро пријателе“, порача Аргентинецот.
Објавата на Меси ја коментираше и Бразилецот Нејмар кој заедно со Аргентинецот и Уругваецот за Барса настапуваше од 2013 до 2017 година.
„Не разбирам како може да се донесат такви одлуки“, коментираше Нејмар кој за рекордни во историјата 222 милиони евра од каталонскиот гигант мина во редовите на францускиот шампион ПСЖ.
Суарез за Барселона играше од 2014 до 2020 година впишувајќи 283 настапи на кои постигна 198 погодоци. Само Меси со 634 и Сезар со 232 постигнале повеќе голови во историјата на клубот. Со Барса освои 13 трофеи меѓу кои Лигата на шампионите во 2014 година и четири шпански првенства.
Меѓутоа, новиот тренер Роналд Куман го отпиша 33-годишниот напаѓач. Со денови се пишуваше дека кариерата ќе ја продолжи во Јувентус, но трансферот пропадна што го искористи Диего Симеоне веднаш реагираше и Суарез сега е пред потпис на договорот со Атлетико Мадрид.