Меси го освои првиот трофеј со Интер Мајами

Интер Мајами, новиот клуб на Лионел Меси, го освои Лига купот против Нешвил во саботата во пенал рулетот, бидејќи натпреварот од регуларниот дел од сезоната заврши нерешено.

Аргентинскиот фудбалер го постигна својот десетти гол во седум натпревари откако дојде во САД. Во 24 минута погоди за предност на тимот од Флорида. Сепак, во вториот дел, напаѓачот на Нешвил, Фафа Пико, израмни за Нешвил.

Леонардо Кампања потоа ја пропушти можноста да му донесе победа и титула на Мајами во регуларното време, а исходот потоа беше решен со пенали.

Меси ја отвори сесијата со успешна реализација, исто како и неговиот поранешен соиграч од Барса, шпанскиот играч за врска Серхио Бускетс.

Победникот беше решен со дуелот меѓу голманите. Голманот на Флорида, Дрејк Календер постигна гол, а потоа го одбрани ударот на колегата од Нешвил, Елиот Панико.

Овој Лига куп е прв трофеј за Меси со неговиот нов американски клуб, а прв за Интер Мајами од неговото формирање пред три години.