Меси го постигна најбрзиот гол за репрезентацијата на Аргентина

Лионел Меси ги одушеви навивачите во Пекинг кога го постигна најбрзиот погодок во својата меѓународна каиера и во дресот на репрезенцијата на Аргентина во победата од 2:0 во пријателскиот натпревар против Австралија, погодувајќи ја противничката мрежа по само 79 секунди игра на „Работничкиот стадион“.

Навивачите веднаш се разбудија кога Аргентина ја освои топката на половината на Австралија на средината од втората минута од мечот, а Енцо Фернандез го пронајде Меси, кој мина двајца противнички бекови пред да го совлада голманот со удар надвор од шеснаесетникот.

Меси, кој минатата седмица потврди дека сака да мине во редовите на американскиот клуб Интер Мајами, со овој погодок е стрелец на седум последователни натпревари за селекцијата на Аргентина, така што ѕвездата на оваа земја сѐ уште не покажува знаци на замор и забавување и пред својот 36-ти роденден следната седмица.

Сино-бело море на трибините ги дочека екипите кога излегоа на теренот со огромно мнозинство од вкупно 68.000 гледачи кои носеа аргентински дресови на стадионот на кој Меси и Аргентина го освоија олимпиското злато во 2008 година.

„Никаде не гледам жолти маички. Само навистина се надевам дека Лионел Меси ќе добие мал процент од продажбата на дресовите, бидејќи никогаш во животот немам видено толку аргентински дресови со бројот 10“, изјави пред мечот австралискиот селектор Греам Арнолд.

Аргентина го удвои своето водсто во второто полувреме, кога Родриго Де Пол нафрли во шеснаесетникот, а Герман Пеѕела најде простор меѓу двајца противнички играчи и со глава погоди за конечните 2:0.