Меси го следат 500 милиони луѓе на Инстаграм, само Роналдо има повеќе следбеници

Капитенот на светскиот шампион Аргентина, фудбалскиот ас Лионел Меси достигна половина милијарда обожаватели и следачи на Инстаграм.

Математички споредено, осумкратниот освојувач на фудбалската „Златна топка“ го следат повеќе луѓе од збирот на населението во двете „светски суперсили“ – САД (332 милиони) и Русија (147 милиони жители). Меѓу приврзаниците на ѕвездата од Аргентина, 72 отсто се мажи, а 85 отсто се помлади од 34 години… Натаму, 12 отсто од следачите се од Бразил – вечниот спортски соперник на Аргентина, 8,1 отсто се од Индија, а само 6,5 отсто се сонародници на Меси.

Португалецот Кристијано Роналдо, кој пет пати ја освојуваше „Златната топка“, е единствениот со повеќе следачи – 622 милиони.

Освен спортистите, некаде при врвот се и пејачката и глумица Селена Гомез – со 429 милиони следачи, супермоделката-милијардерка Кајли Џенер – 400 милиони, глумецот Двејн Џонсон – 396 милиони, пејачката Аријана Гранде – 380 милиони, Ким Кардашијан – 364 милиони, Бијонсе со 319 милиони итн.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.