Лионел Меси во текот на вчерашниот ден потпиша за францускиот гигант ПСЖ, напаѓачот доби двегодишен договор со опција за плус една година.
Според пишувањата на медиумите, тој во Париз ќе заработува помеѓу 35 и 40 милиони евра, и повторно ќе биде најплатен фудбалер во светот.
Според ТиК Спортс, Лео Меси си обезбедил и специјална клаузула, односно приоритет да бидат натпреварите на Аргентина, официјалните и пријателските. Исто така, докторите на репрезентацијата ќе имаат пристап до тренинг центрите на „светците“.
По триумфот на Копа Америка, Лео Меси сонува за трофејот од Светското Првенство, па напаѓачот сака во Катар да пристигне во топ форма.