На социјалните мрежи се појави интересно видео од средбата на Каталонците со Олимпијакос како ѕвездата на Барселона, Лионел Меси се наведнува и вади нешто од „штуцната“ и веднаш го става во уста.
Очигледно Меси не сакаше да биде забележан тој момент, но камерите го „уловија“.
Се шпекулира дека Аргентинецот за време на натпреварот користел апчиња кои содржат гликоза за да се снабди со енергија. Други пак шпекулираат дека Меси консумирал апчиња против повраќање со оглед на тоа што тој во неколку наврати повраќаше на теренот по завршување на натпреварите.