Поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ гостуваше на РТЛ по повод смртта на британската кралица Елизабета Втора, чиј погреб е денеска во Лондон.
Месиќ вели дека кралицата Елизабета била симбол на империјата, Велика Британија, која некогаш имала моќ над половина свет.
„ Таа беше владетел што не носеше одлуки, не учествуваше во активната политика на Велика Британија, како симбол беше авторитет. Таа го даваше своето мислење за многу работи“, рече тој.
„ Кога разговараше со мене, не ја интересираше многу Хрватска, зборуваше за Југославија, ја интересираше од прва рака, зошто Југославија се распаднала“, се сеќава Месиќ на разговорот.