Меси може да замине од Барса и без отштетна клаузула

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси потпиша кон крајот на ноември нов договор со Барселона во кој отштетната клаузула за негово заминување од каталонскиот клуб од 700 милиони евра.

Меѓутоа, во договорот постои одредба според којашто Аргентинецот може да го напушти клубот без споменатиот надомест, доколку Каталонија се отцепи од Шпанија.

Доколку Барселона повеќе не настапува во шпанската лига, Меси може да замине во француската, германската, англиската лига или во некој клуб од шпанската лига, го открива еден од главните детали од новиот договор шпанскиот дневен весник El Mundo.

Барселона на Меси, кој со клубот има професионален договор од 2000 година, ќе му уплатува 27 милиони евра по сезона, а само за потписот Аргентинецот доби бонус од 90 милиони евра.