Аргенските власти прогласија во средата тридневна национална жалост и ги откажаа сите јавни настани откако претходно денеска беше објавено дека во 60-та година од животот почина еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона.
Аргентинскиот претедател Алберто Фернандез ги откажа сите активности до петокот, а во моментов се избира местото за јавното испрачање на најзаслужниот за триумфот на националната селекција на Светското порвенство од 1986 година. Како едно од можните места се наведува стадионот на неговиот поранешен клуб Аргентинос Јуниорс.
„Тоа место ќе биде онаму каде што ќе сака неговото семејство“, изјавил еден државен функционер за весникот La Nacion.
„Не знам дали ќе имаме втор Диего. Се сомневам дека некогаш ќе имаме таков фудбалер. Чувствувам бескрајна благодарност, бидејќи цело време ме поддржуваше. Марадона го бранеше она во што веруваше. Беше пример за она што сме ние Аргентинците“, изјави претседателот Фернандез за телевизијата TyC Sports.
Еден од најдобрите фудбалери на денешнината и капитен на аргентинската селекција Лионел Меси, кој самиот често беше критикуван од Марадона за недостиг од лидерство, се огласи на Instagram.
„Тажен ден за сите Аргентинци и за фудбалот. Нѐ остави, но не заминува бидејќи Деиго е вечен. Ми остануваат сите убави моменти доживеани со него. Би сакал да ја искористам можноста да изразам сочувство на неговото семејство и на пријателите“, напиша Меси.
Поранешниот соиграч на Марадона, Оскар Руџери, тешко ја прими веста за „заминувањето на Десетката“.
„Емоции ми навираат кога ги гледам сите овие луѓе со солзи во очите, бидеји тие сека треба да ни протечат на сите нас Аргентинците. Не верувам дека ќе има макар еден Аргентинец кој денеска нема да заплаче“, изјави Руџери за ESPN.
Гуљермо Андино, 52-годишен, водител на телевизсиката програма „ Informados de todo“ на телевизискиот канал America, заплака во дириектен пренос откако беше информиран за смртта на Марадона.
„Весникот Clarin штотуку објави ‘полина Диего Марадона’.“, изјави со треперлив глас. Откао зема здив, им се извини на гледачите. „Простете … (…) ова не беше планирано“, додаде.
Спорескиот весник Ole своето традиционално зелено лого веднаш по неочекуваната вест го сменија во црно, на порталот истакнаа црна лента.