![mesi psg](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/mesi-psg.jpg?resize=696%2C465&ssl=1)
Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ќе го пропушти саботниот првенствен дуел на неговиот Пари Сен Жермен проти Монпелје, објави во петокот парискиот клуб.
Аргентинецот минатиот викенд беше заменет во 76 минута од дербито против Лион, кога неговата екипа во завршницата со пресврт дојде до победата од 2:1.
По овој натпревар спортската јавност најмногу внимание посвети на неговата бурна реакција по излегувањето од теренот. Потоа беше објавено дека Меси е повреден и поради тоа го пропуштил мечот во кој ПСЖ го победи Мец со 2:1.
ПСЖ во вторник на домашниот терен во рамките од второт коло на Групата А од Лигата на шампионите го пречекува Манчестер Сити.