Претседателот на каталонскиот гигант Барселона, Жозеп Мариа Бартомеу, потврди дека од следната сезона, аргентинскиот интернационалец Лионел Меси ќе биде познат и како најскапо платен фудбалер на денешницата.
“Барселона сака Меси да биде најскапо платен фудбалер на денешницата. Сите дилеми ќе бидат решени за време на летната пауза, а Меси во новата сезона ќе биде познат и фудбалер со најголема плата. Барселона нема да прифати никаква понуда за аргентинскиот интернационалец, а јас се надевам и сакам Меси својата богата кариера да ја заврши на “Ноу Камп”, изјави наследникот на Сандро Росел.