Меси постави нов личен рекорд

Барселона синоќа го совлада Виљареал со 4:1, а на тој натпревар капитенот на каталонскиот клуб постави нов личен рекорд.

Лионел Меси синоќа им асистираше на Луис Суарез и Антоан Гризман и стигна до 19 додавања по кои е постигнат гол. Ова е личен рекорд за Меси.

Во сезоните 2010/11 и 2014/15 година, Лео направи 18 асистенции. Тој ја предводи и листата на стрелците со 22 гола.

Оваа сезона, шесткратниот носител на „Златна топка“ има 27 голови и 24 асистенции на 38 натпревари во сите натпреварувања.