Меси постави нов рекорд

Со хет-трик на Лионел Меси, Барселона го порази Леванте со вкупен резултат 5:0, како гостин во 16-тото коло од првенството во Примера. Ѕвездата на Каталонците, исто така, имаше и асистенции кои доведоа до два погодока за неговиот тим. Тие беа дело на Суарез и Пике.

Аргентинскиот гениј веќе има 50 голови во 2018 и е првиот играч во светот кој ја достигна оваа граница. Тој е лидер и на листата за најдобар стрелец за оваа сезона, со вкупно 14 неверојатни удари и 10 асистенции.

Интересно е и што аргентинецот има излезено како победник во 431 натпревар, односно од 74,71% од сите мечеви на кои настапил во шпанското првенство.

Барселона во моментов е на првото место во шампионатот, со 34 бодови.