Реномираниот шпански спортски дневен весник Marca спроведе голема анкета меѓу своите милиони читатели кои избираа стотина најдобри фудбалери во 2018 година, а победи Аргентинецот Лионел Меси пре Хрватот Лука Модриќ и Французинот Антоан Гризман.
Меси изминатата година во дресот на Барселона ја освои двојната круна, шпанското првенство и куп, а беше и најдобар стрелец минатата сезона. Тој и сезонава води на листата на стрелците во шпанската Примера.
Модриќ, пак, имаше блескава година. Со хрватската репрезентација на мундијалот во Русија го осви второто мести, а со Реал Мадрид победи во Лигата на шампионите, на Клупскот осветско првенство, во на Суперкупот на УЕФА. Модриќ, исто така, минатата година ги освои двете најпрестични индивидуални признанија, во изборот на францускито реномиран магазин France Football ја доби Златната топка за фудбалер на годината, како и за најдобар играч на Светското првенство во Русија. Беше прогласен и за најдобар фудбалер на Европа во изборот на Европската фудбакла федерациај (УЕФА), и за најдобар играч во светот во изборот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). Покрај тоа беше прогласен и за најдобар фудбалер во светот во изборот на Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС), и ја доби наградата на интернет порталот goal.com.
Зад Меси и Модриќ се пласирше светскиот шампион Гризман, а потоа следат Кристијано Роналдо, Килиона Мбапе, Мохамед Салах, Еден Азар….
ТОП 10
1. Лионел Меси (Арг / Барелона)
2. Лука Модриќ (Хрв / Реал Мадрид)
3. Антоан Гриеман (Фра / Атлетико Мадрид)
4. Кристијано Роналдо (Пор / Реал Мадрид / Јувентус)
5. Килиан Мбапе (Фра / ПСЖ)
6. Мохамед Салах (Еги / Ливерпул)
7. Еден Азард (Бел / Челзи)
8. Рафаел Варан (Фра / Реал Мадрид)
9. Хари Кејн (Анг / Тотенхем)
10. Кевин де Брујн (Бел / Манчестер Сити)