Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси ги постигна сите пет погодоци во победата на Аргентина од 5:0 над Естонија во пријателскиот натпревар одигран на стадионот „Ел Садр“ во шпанска Памплона.
Ова е само вторпат во кариерата и првпат во дресот на националната селекција Меси да постигне пет погодоци на еден натпревар/
Првиот гол Меси го постигна во 8 минута од пенал, а вториот во последните моменти од првото полувреме. Напаѓачот на францускиот првак ПСЖ во вториот дел беше прецизен и во 47, 71 и 76 минута.
Со овие пет погодоци Меси во 162 натпревари впиша 86 погодоци, и е на четвртото место на вечната листа според постигнати погодоци на националната репрезентација легендарниот Унгарец Ференц Пушкаш со 84 погодоци. На првото место во оваа категорија е Португалецот Кристијано Роналдо со 117 погодоци, од кои два постигна синоќа во дуелот со Швајцарија во рамките на Лигата на нациите.
Досега Меси имаше постигнато пет погодоци на еден меч во март 2012 година во победата од 7:1 на Барселона над Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Тоа беше и првпат некој играш да постигне пет голови на еден меч од најелитното европско клупско континентално натпреварување.
Меси шест пати во кариерата има постигнато по четири голови на меч, но во дресот на Аргентина никогаш не постигнал повеќе од три гола.
Последниот играч кој постигнал пет погодоци на еден меч во дресот на селекцијата на Аргентина беше Хозе Чара Морено во 1942 година во победата од 12:0 против Еквадор во рамките на јужноамериканското првенство Копа Америка.