Рускиот амбасадор во Париз, Алексеј Месков изјави дека три руски брода и една јахта веќе се под контрола на локалните власти во Франција. Според него, руските бродови биле задржани „практично без никакво објаснување“, пренесува БГНЕС.
-Никој не може да предвиди кога судството ќе донесе некакви одлуки, додаде амбасадорот.
Вчера медиумите објавија дека Франција запленила имот на повеќе од 500 поединци и организации во рамки на санкциите против Русија.