По Велигден сувомесните производи со нови цени.
„Да речам 250, 260 денари е чаден свински бут, таа цена после празниците би отишла да речеме над 320 денари. Во зависност од тоа дали ќе има мерки, ако имаме продолжување на мерките ние од прилика, нема да биде 40%, бидејќи 20% отприлика е царината на суровината што ја плаќаме за која бараме да сме ослободнеи и отприлика покачувањето би било за износот, за процентот кој што е покачен на суровината за која е покачен на светскиот пазар.“ изјави Гоце Трајчев, Групација за преработки од месо
Ако не им се помогне, велат дека на удар ќе биде целиот сектор. Многу компании ќе стават клуч на врата, а на многу вработени им се заканува отказ. Групацијата барањата ги правда со тоа што оваа мерка придонела да се намали увозот на готови сувомеснати производи од странство за 28%.
Владата најави дека се подготвува шестти пакет на мерки кој ќе ги опфати најпогодените сектори кои се затворени со последните рестрикции, но не се знае дали помош ќе има и за други дејности.