Раководните лица на шпанскиот прволигаш Валенсија и официјално потврдија дека познатиот српски стручњак, Мирослав Ѓукиќ, повеќе не е шеф на стручниот штаб.
„Единствениот мотив за оваа прес-конференција е да ја информираме спортската јавност дека бордот на директори на Валенсија ја прекина соработката со Мирослав Ѓукиќ. Ова е тажен ден за сите нас. Верувавме во неговите квалитети, имавме добар старт во новата сезона. За жал, моменталната позиција на табелата е не прифатлива, а ваквите ситуации се нешто нормално кога е во прашање фудбалската игра,“ изјави претседателот на Валенсија, Амедео Салво.