Метју Пери бил во тајна врска со Џулија Робертс, откри и зошто раскинале

Ѕвездата на „Пријатели“ Метју Пери проговори за својот љубовен живот, откривајќи ги деталите од неговата тајна романса со актерката Џулија Робертс. Иако признал дека во еден момент „истрчал дома да и ги чита писмата“, врската, за жал, не траела долго.

Пери за првпат отворено проговори за својот љубовен живот, спомнувајќи ги врските со едни од најубавите дами во светот.

Покрај Гвинет Палтроу и неговата колешка од сетот Џенифер Анистон, во која бил толку заљубен што довело да се случуваат непријатни ситуации на снимањето на серијата, актерот тајно се забавувал и со Џулија Робертс со која постојано разменувале пораки.

Пери откри дека сè почнало откако ја добил улогата на Чендлер Бинг, тогаш го забележала и самата Јулија.

На негово изненадување, таа дури се согласила да се појави во една епизода од „Пријатели Супер Боул“ во 1995 година за да биде со актерот.

Имено, ко-креаторот на серијата му рекол на Метју да стапи во контакт со Јулија и да и испрати цвеќе.

-Морав да и се додворувам. И испратив три пакети црвени рози, а на картичката пишуваше: „Единственото нешто повозбудливо од тоа да се биде во шоуто е конечно да имам изговор да ти испратам цвеќе“, се присети Пери.

Тој изјавил дека набрзо добил одговор од актерката, која му кажала дека се согласува да биде во серијата доколку Пери „адекватно и ја објасни квантната физика“.

-Следниот ден ѝ испратив хартија за дуалноста на брановите честички и заплеткувањето, со метафоричен дел. Јулија не само што се согласи да се појави во серијата, туку ми испрати и подарок – пакет со вкусни колачи, открива актерот.

Во ерата кога немаше интернет или мобилни уреди, парот почнал да разменува пораки преку факс. Ова траело секој ден во период од три месеци, а сето тоа завршило со тоа што Џулија се појавила на прагот на домот на Метју.

-Имаше стотици наши факсови. Три или четири пати на ден седев на моето биро и гледав како пристигнува писмото на Јулија. Понекогаш се фаќав себеси, сред забава на која флертувам со атрактивна жена, го прекинував разговорот и трчав дома да проверам дали пристигнал нов факс. Девет од десет пати бев во право, рекол актерот.

-Се насмевнував како петнаесетгодишник на првиот состанок, а никогаш не сме се сретнале да излеземе. Потоа, едно утро, нешто се смени. Факсот на Јулија стана романтичен. „Јави ми се“, пишуваше и нејзиниот телефонски број беше на дното… Пет и пол часа подоцна, кога разговорот се ближеше кон крајот, сфатив дека веќе не сум нервозен. После тоа неможеше ништо да не спречи, паѓавме. Не бев сигурен во што, но ние паѓавме, вели Пери.

Таа сабота, истакна тој, некој му тропнал на врата, а тоа била Јулија. Ја пуштил да влезе и тогаш започнала нивната врска.

Метју потоа откри како Џулија го однела со приватен авион до нејзиното планинско скривалиште во Ново Мексико за новогодишната ноќ во 1996 година и тој таму го запознал нејзиното семејство. Меѓутоа, прогонуван од сопствените демони и несигурности, Метју ја прекинал нивната врска два месеци подоцна.

-Врската со Јулија беше премногу за мене. Бев уверен дека ќе раскине со мене, дека не сум и доволен. Бев скршен, недостоен за љубовта. Па така, наместо да се соочам со неизбежната агонија од евентуална нејзина загуба, јас раскинав со убавата и брилијантна Џулија Робертс, вели Пери и додава дека кога и ја кажал својата одлука, изразот на нејзиното лице оддавал збунетост.