Американската технолошка компанија „Meta Platforms“ објави во петокот дека ги укинува некои ограничувања што беа применети на профилите на нејзините социјални мрежи Facebook и Instagram на поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп.
Компанијата за социјални медиуми на неодредено време ги суспендираше сметките на Трамп откако тој ги пофално се изразуваше за неговите приврзаници и другите луѓе кои упаднаа во американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, откако тој ги загуби претседателските избори сметајќи дека изборите се лажирани во позла на актуелниот претседател демократот Џо Бајден.
Меѓутоа, „Мeta“ и претходно ги редуцираше некои од објавите на тогаш сѐ уште актуелниот претседател, па Трамп во октомври 2021 година ја основаше социјалната мрежа TRUTH Social
Компанијата потоа ги врати неговите сметки на почетокот на 2023 година, велејќи дека ќе ги следи објавите на Трамп за понатамошни прекршувања што може да резултираат со уште една суспензија од еден месец до две години.
Трамп, кој е во трка против актуелниот американски претседател Џо Бајден, повеќе нема да биде предмет на дополнителен надзор, објави Meta.
„При оценувањето на нашата одговорност да го олесниме политичкото изразување, веруваме дека американскиот народ треба да има можност да ги слушне претседателските кандидати под еднакви услови“, се додава во соопштението на „Meta Platforms“ чиј сопственик Марк Цукерберг отворено се изјаснува против Трамп.
Некои експерти за социјални медиуми долго ја критикуваа „Meta“ и другите платформи за неуспехот да ги ублажат политичките содржини, вклучително и објавите на политичките кандидати.
На Трамп, исто така, му беше забранет пристапот на Twitter која му беше омилена за објави, сега наречен Х, во 2021 година. Милијардерот Илон Маск ја врати сметката набргу откако ја купи компанијата во 2022 година, иако Трамп има само една објава од тогаш.