Мета изрази сочувство за трагичниот настан кај Дечани

Албанскиот претседател Илир Мета реагираше во врска со трагичниот инциент што вечерва се случи кај Глоѓан- Дечани, Косово, кога вооружени лица со калашњикови пукале во автобус кој превезувал ученици.

Во инцидентот на самото место починал возачот а двајца ученици на 17 и 18 години им подлегнаlе на повредите во болница. Има уште неколку повредени.

-Целосно трогнат од овој криминален акт во Глоѓан кај Дечани, во кој според првичните информации животот го изгубија три лица од нив двајца ученици. Изразувам длабоко и искрено сочувство и целосна солидарност на семејствата на жртвите, делејќи ја со нив големата болка, напиша Мета на Фејсбук.

Албанскиот претседател на повредените им посака побрзо закрепнување, а на медицинските екипи им искажа благодарност за пожртвуваноста и професионализмот што ја покажаа.

-Имам целосна верба дека одговорните институции и правосудството на Република Косово што побрзо ќе ги откријат сторителите и ќе ја добијат заслужената казна, напиша Мета.