
Металург го очекува вториот натпревар на домашен терен од Лигата на шампионите во поинакво расположение, благодарение на победата од претходното коло. Во “Борис Трајковски” падна Кадетен и тоа треба да привлече повеќе симпатизери за мечот против Елверум.
Пуштени се во продажба билетите за тој натпревар, кој е закажан за в сабота во 17:30. Почетната цена е 60 денари, како и минатиот пат, а највисоката е 150 денари, за седиштата кои имаат најубав поглед.
По сигурната победа над Kадетен од минатата сабота, реални се очекувањата Металург да ја повтори играта и да освои нови два бода. Билетите може да се купат во центрите на ОНЕ и онлајн на karti.com.mk.
Цени на билетите:
М2, М3, М4 – цена 150 ден.
М1, Б3, Б12, Б14 – цена 120 ден.
Б2, Б4, Б 15, M7, M9 – цена 100 ден.
Б5, Б 11 – цена 80 ден.
Б6, Б 9, Б 10 – цена 60 ден.