Македонскиот ракометен вице шампион Металург и го нанесе првиот пораз на Барселона во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Лино Червар во СЦ “Борис Трајковски” во последното коло од Ц група славеа над тимот на македонскиот ракметар КиреЛазаров со 31:29 (15:11).
Металург одигра маестрален натпревар во кој доминираше цели 40 минути и заслужено стигнаа до втората голема победа на домашен терен, откако претходно во Скопје падна и ПСЖ.
Најефикасен во победничкиот тим беше Лука Циндриќ со седум голови, додекаВугринец и Георгиевски постигнаа по шест голови.