Металург и Радовиш го започнуваат разигрувањето за титулата во Супер Лига

Со денешниот натпревар меѓу Металург и Радовиш во Автокоманда, кој започнува во 19 часот и официјално почнува разигрувањето за титулата во македонската ракометна Супер лига.

Според сегашниот однос на силите, Вардар е апсолутен фаворит за освојување на шампионската титула и недопирлив во оваа конкуренција. Покрај Вардар и Металург кои се приклучуваат директно, во плеј-офот натстапуват и првите четири екипи од регуларниот дел на сезоната – Зомимак, Прилеп, Радовиш и Тинекс Пролет.

Првото дерби во плеј-офот меѓу Металург и Зомимак ќе се одигра следниот викенд во Скопје.

Покрај утрешниот дуел Металург- Радовиш, во другите два натпревари од 1-то коло во плеј-офот викендов играат: Зомимак – Тинекс Пролет и Вардар – Прилеп.