Металург- Колдинг за 250 денари

Македонскиот ракометен вицешмпион Металур,ги одреди цените на влезниците за 1/8 финалниот натпревар од Лига на шампионите против дански шампион Колдинг кој ќе се одигра на ден 23.3.2014 година (недела) во 16.55 часот. Цените по блокови се следните:

– Блок Б7, Б8 и Б9 (15 отсто од вкупниот капацитет на СЦБТ) се по цена од 250 денари,

-Блок Б2, Б3, Б4, Б5, Б6, Б10, Б11, Б12, Б14, Б15 (50 отсто од вкупниот капацитет на СЦБТ) по цена од 400 денари

-Блок М7, М8, М9 (10 отсто од вкупниот капацитет на СЦБТ) по цена од 400 денари

-Блок М1, М2, М3, М4, М12, М13, М14 и М15 (20 отсто од вкупниот капацитет на СЦБТ) по цена од 600 денари.

Сите кои поседуваат блок влезници од групната фаза на ЛШ, во од периодот 8:3 -14.3ќе можат истите да ги заменат за местото на седење кое го поседуваат.

Промената на блок влезниците ќе се одвива самово продажното место на „КупиКартиЗаСе“ и истата ќе може да се реализира само со приложување на блок влезницата на самото продажно место.

Блок влезницата ја задржува сопственикот како сувенир. Секоја непроменета блок влезница во периодот предвиден за таа намена ќе оди во слободна продажба која ќе стартува на ден 17.3.2014 година (понеделник) во 17 часот.