Металург поразен од Мешков (Брест)

Македонскиот ракометен вицешампион Металург, го претрпе вториот пораз во Регионалната СЕХА Лига.

Избраниците на тренерот Лино Червар се поразени на гостувањето кај Мешков ( Брест) со 27:24 (15:12).

Најефикасен во македонскиот тим беше Дејан Манасков со пет голови, Ојлески постигна четири, а Ѓеоргиевски натпреварот го заврши со три голови. Во победничкиот тим најпрецизен беше Камошчук со шест голови.

По овој пораз Металург падна на петтата позиција на табелата со 25 бодови, два помалку од Мешков кој се искачи на третата позиција со 27 бодови. На првата позиција е Загерб со 34 бода, пред Татран Прешов со 33, додека македонскиот шампион Вардар е четврти со 25 бодови.

Вардарци утре со победа наг остувањето кај Татран ќе се вратат на третата позиција на табелата.