Македонскиот вицешампион Металург во вторникот вечерта ја прекина серијата од шест порази во низа откако во СЕХА лигата го совлада тимот на Татран Прешов со 31:30 во СЕХА лигата, и покрај тоа што во еден момент имаше водство од 11 голови.
Металург во првото полувреме полека ја градеше преднота и по првичните водства од 4:2, потоа предноста ја зголеми на 12:9, за на паузата да замине со резултат со пет голови предност 18:13.
Во второто полувреме Металург ја удвои оваа предност (25:15), по што следеше огромниот пад, кој му овозможи на Татран Прешов да ја загрози победата на домашните и да стаса до пораз од само еден гол разлика (31:30).
Најефикасен ракометар во редовите на Металург беше Јагањац со девет гола, додека Кузмановски, Пешевски и Токиќ постигнаа по пет. Кај Татран Прешов, Бруно Буторац беше одличен со 11 постигнати гола.