
Македонскиот ракометен вицешампион Металург дополнително ја искомплицира ситуацијата за настап на фајнлфор турнирот во Регионалната СЕХА Лига, откако го претрпеа третиот пораз, овој пат на гостувањето кај Нексе со 27:23.
Металург беше во негативе во поголемиот дел од првото полувреме, но во финишот на првите 30 минути успеа да ја намали на два гола (10:12). Хрватите влегоа мотивирано и во вториот дел , за пет минути направија предност од четиери голови и успеаја да ја задржаа до крајот на натпреварот.
На овој натпревар тимот од Автокоманда настапи без Павел Атман и Ренато Вугринец. Најефикасен на натпреварот беше Мандиќ со четири голови , додека Циндриќ и Ѓорѓиевски постигнаа по три гола. Металург има 25 бодови и е на петтото место на табелата , зад Брест Мешков, тимот со кој ќе биде во битка за последното место кое води на завршниот турнир