Метеж на танкери крај брегот на Турција поради ценовниот лимит на руската нафта

Во близина на турскиот брег, по стапувањето на сила на ограничувањето на цената на руската нафта што од понеделникот го воведоа Европската унија, седумте индустриски најразвиени земји од групата Г7 и Австралика, се создаде поморски метеж од танкери, пренесува весникот Financial Times повикувајќи се на податоци од трговците со нафта, посредници и сервисите за следење на пловидбите.

Според овие извори, најмалку четири пловила во понеделникот вечерта чекаа да минат низ турските води. Весникот оценува дека станува збор за прв показател дека воведувањето на ценовното ограничување на руската нафта може да доведува до нарушување на снабдувањето на глобалниот нафтен пазар.

Ембаргото на нафтата којашто се испорачува со бродови стапи на сила од полноќ, а паралелно членките на Г7, Австралија и ЕУ ја ограничија цената на руската нафта на 60 долари по барел, тврдејќи дека сакаат на Русија да ѝ ги намалат приходите за финансирање на војната во Украина.

Механизмот би требало да функционира преку забрана за осигурителните компании и превозниците да пружаат услуги за транспортот на руската нафта над одредената цена. Според замислите, лимитираната цена треба да ѝ го ограничи приходите на Русија, но да биде доволно стимулативна за Москва да не го запре производството и да предизвика турбуленции на меѓународните пазари.

Турција од 1-ви декември бара од осигурителните компании писмени докази со кои се потврдува дека бродовите се обезбедени со ткн P&I осигурување (Protection and Indemnity Insurance) за минување низ Босфорскиот теснец.

Како што пишува Financial Times повикувајќи се на свои извори, руските компании ѝ дале писмена потврда на Ангара за обезбедување непречено пловење низ турските води. Соговорниците на весникот веруват дека во моментов заглавените пловила се танкери со осигурување од западните компании.