МФ: Има ли некој во СДСМ што се разбира во ИПА програмирање?

Од Министерство за финансии реагираат на, како што велат, неоснованите обвинувања на СДСМ поврзани со имплементирањето на ИПА средства во УЈП.

Во продолжение следува интегрален текст од реакцијата:

Желбата за сензационализам на СДСМ очигледно придонела да превидат и да не забележат дека на информацијата за користењето на ИПА средства од страна на УЈП стои потписот на тогашниот директор на УЈП, а сегашен министер за финансии Кирил Миноски. Значи таа информација не е изготвена од страна на Министерството за финансии како поплака на УЈП, туку е редовна информација која се изготвува и доставува од самата Управа за јавни приходи до Владата.

Зачудуваат тврдењата на опозициската СДСМ дека во информацијата се наведува дека не се исполнети целите на проектот. Ова не наведува да помислиме дека во СДСМ нема кадри кои претходно работеле со ИПА програми, кои веднаш би препознале дека станува збор за СВОТ анализа, односно методологија на стратешко планирање на потенцијални ризици и предности во проектот. Нагласуваме потенцијални, не реализирани во реалноста.

Согласно податоците на Управата за јавни приходи, градежните работи на Колцентарот кој се финансира со овие средства се завршени, односно проектот се одвива согласно предвидената и утврдената динамика.