МФ: СДСМ направи половина од долгот на државата, да каже за што

сдсм

– Го охрабруваме СДСМ да каже за што се земени кредити за долгот кој тие го акумулирале. Изминативе години Македонија има интензивни инвестициски активности во инфраструктурата, како изградбата и рехабилитацијата на патните и железничките делници на Коридорите 8 и 10, изградбата на регионални и локални патишта, гасификацијата. Обезбедени се средства за изградбата и модернизацијата на клиничкиот центар Мајка Тереза и регионалната клиничка болница во Штип, за проектот Подобрување на општински услуги итн. Македонија преку кредит од Европската инвестициска банка во вредност од 350 милиони евра, во време на светската криза, кога капиталот беше тешко достапен, го поддржа приватниот сектор со пласирање на субвенционирани кредити на малите и средни претпријатија. Манипулацијата на опозициската партија оди дотаму што презапишувањето на доспеаните хартии од вредност ги прикажува како ново задолжување, се наведува во реакцијата од Министерството за финансии.