МФ со демант до општина Центар: Издадена е согласност за вработување на 11 лица

министерство за финансии
министерство за финансии
Министерството за финансии реагира до општина Центар за дезинформациите кои беа искажани во медиумите.

Министерството за финансии ги демантира тврдењата на општина Центар дека не се дадени согласности за вработување на персонал за градинката „Кочо Рацин”. Барањето за согласност од општина Центар преку Министерството за труд и социјала до Министерството за финансии е доставено на 10 декември.

Министерството за финансии во законскиот рок од 30 дена одговори позитивно на барањето, односно издаде согласност за вработување на 11 лица – воспитувач, негователки, хигеничари, готвач и помошник готвач, стои во демантот на Министертсвото за  финансии.