
Министерството вчера исплати 950 милиони денари, додека утре ќе исплати 1,12 милијарди денари.
Од Министерството за финансии посочуваат дека со ова се намалува нето задолженоста на земјата по основ на издадени државни хартии од вредност. Исто така се ослободуваат средства кои понатаму банките можат да ги пласираат како кредити во стопанството со што се подобрува ликвидноста.