На поранешниот директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијкалов, во средата вечерта му е одредена нова мерка 30-дневен притвор, за случајот за наводно нелегално купување плацеви на Водно, објави обвинителството.
„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОK бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, а имајќи ја предвид итноста на постапката, Кривичниот совет, по добивање на предметот, одржа седница на советот и донесе решение со кое го прифати предлогот на Јавниот обвинител и на обвинетиот му определи мерка притвор во траење од 30 дена“, се наведува во соопштението за јавноста.
Советот смета дека се исполнети условите од чл. 165 ст.1 т. 1 односно дека постои Опасност од бегство. Решението е во фаза на експедирање до странките во постапката кои имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
Советот го прифатил предлогот поднесен попладнето во средата од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, откако претходно во средата Апелацискиот суд Скопје ја прифати жалбата на Мијалков и гаранцијата од над 11 милиони евра, по што го преиначи решението за притвор и му изрече мерки на претпазливост.