Мијалков го болел стомакот, пренесен е од Шутка во Систина

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков попладнево од затворот во Шутка бил пренесен во Систина, објави „Телма“.

Мијалков се пожалил на болки во пределот на стомакот, по што добил дозвола од судот да замине во болницата каде ќе остане додека завршат испитувањата.

Инаку Мијалков пред 2 дена ја слушна првата ослободителна пресуда за случајот „Тортура” а осуде е на 2 затворски казни со вкупно времетраење од 20 години.