Судењето за случајот „Таргет -Тврдина“ денес е одложено бидејќи обвинетиот Сашо Мијалков имал симптоми на ковид-19. На денешното рочиште требаше да сведочи министерот за правда Бојан Маричиќ. Адвокат Љупчо Шврговски во судницата рече дека сопругата на Мијалков имала позитивен резултат на тестот, по што и Мијалков денеска ќе прави тест.
Покрај Мијалков, на обвинителна клупа во „Таргет-Тврдина” се и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и уште неколку лица од УБК.
Обвинети се и Горан Грујевски како тогашен началникот на Петтата управа и ексразузнавачот Никола Бошковски, на кои им се суди во отсуство.
Тие се обвинети за нелегално прислушување на над четири илјади телефонски броеви во периодот меѓу 2008 и 2015 година.