Мијалков излегува од затвор предвреме

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков, ќе излезе предвреме од затвор.

Одлуката ја соопшти Кривичниот суд откако Апелација ја уважи неговата жалба и предметот го врати пред првостепениот суд.

„Кривичниот совет при одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлог на директорот на КПД Струга за условен отпуст на осудениот С. М., по одржаната јавна седница, прибавената и разгледаната целосна документација во согласност со напатствијата на Апелациониот суд Скопје, донесе решение со кое го уважи предлогот на директорот на казнено-поправната установа.

Во согласност со решението осудениот се отпушта од КПД Струга на 25.12.2024 година, а условниот отпуст му се смета до 25.4.2025 година.

Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“, соопшти Кривичниот суд.