Припадници на Министерството за внатрешни работи од неделата попладнето до доцна ноќта не можат да го најдат поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков во неговито дом или на другите локации кои се поврзуваат со него, за да му врачат наредба за куќен притвор издадена од Судот.
Неофицијално, наредбата доаѓа пред пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26-ти февруари, во кој осомничен е и Мијалков. Претходно од Кривичен суд по барање на Обвинителството му определиле куќен притвор поради случајот „Таргет-Тврдина“ за кој треба да има пресуда во среда.
Мијалков е осомничен за нелегално прислушување, а обвинителството пред неколу дена ги искажа завршните зборови, со што сега следува објавување на пресудата. Обвинителството кажа дека Мијалков од канцеларија вршел нелегално прислушување. Неговата одбрана ги орфрли бвинувањата.
Исто така, неофицијано се дознава дека, откако Мијалков е недостапен за полицијата, па по него е распишана потерница.
Полицијата го бара и на повеќе локации низ градот, каде што Мијалков често престојува, како и во зграда во близина на домот за деца без родители во Скопје, каде има стан.