Мијалков нема да одговара за прислушување, предметот Таргет – Тврдина застаре

Никој нема да одговара за прислушувањето, на екс директорот Сашо Мијалков ова му беше последен ден во судница. Делото му застаре денеска и тој последен пат е во судница за Тарегет.

По анализата на обвинителството, обвинителката денеска предложи да се примени поблагиот закон т.е. измените во Кривичниот закон се применуваат во делот за прислушувањето.

Таргет целосно застарува, а делот за Тврдина за уништување на опремата продолжува и ќе им се суди на Гордана Јанкуловска, на Тони Јакимовски, на извесните разузнавачи и уште една обвинета Валентина Симоновска.

Обвинителката Ленче Ристовска се произнесе за тоа како измените на Кrривичниот Законик влијаат на клучниот предмет на СЈО Таргет Тврдина.

Според она што го претстави во судница поблагите одредби од законските измени можат да се применат во делот на обвинението кое што се однесува на прислушувањето и тоа во целост застарува.

Тоа значи дека за поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, судењето завршува. Ќе продолжи за дел од обвинението наречен Тврдина кое се однесува на уништувањето на опремата за прислушување што пак се случувало во 2015 година откако тогашниот лидер на опозицијата Зоран Заев почна да ги објавува бомбите.

Тука се обвинети екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, поранешните разузнавачи во бегство Горан Груевски и Никола Бошковски, а судењето ќе продолжи и за Тони Јакимовски. Конкретно Ристовска најави дека за правните квалификации ќе се произнесе во завршниот збор.