Мијалков се пазарел со Заев од Белград, за да се врати во Скопје, се замешала и една амбасада?

Сашо Мијалков сепак не бил дома со висока температура туку избегал во Белград, објави „МКД.мк“. 

Мијалков во Белград побегнал во неделата вечерта и оттаму се пазарал директно со премиерот Заев за висината на казната која треба да ја чуе во петок за предметот „Таргет-Тврдина“.

Неофицијално е договорено, Мијалков се испазарил да не добие казна поголема од пет години и тој да не мора веднаш да оди во затвор туку да има право на жалба во Апелација и предметот да се развлече колку што е можно подолго.

Но, за дилот меѓу Заев и Мијалков разбрала една странска амбасада во Скопје и веднаш од Заев побарале Мијалков да се врати во Скопје. Враќањето на Мијалков било направено преку амбасадата на таа земја во Србија и тој вчера експресно се појави пред обвинителстовото со „висока“ температура.