Невладината организација „О2 Иницијатива“ објави дека ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, гради хотел во Охрид.
„Горица 3, Охрид. После долго време планираниот хотел започнува да се гради. Макотрпно човечки пошумениот рид во минатиот век, продаден пред 10-ина години, површина од 15.778 м2, раскрчмен, во сопственост на ДИВЕЛОП ГРУП ДОО Скопје на Мијалкови, во чија сопственост е и хотелот Мериот на плоштадот Македонија во Скопје.
ДИВЕЛОП ГРУП официјално на хартија е во сопственост на Александар Ивановски – познат како Алек Теранова и БЕСТ ВЕЈ ИНВЕСТМЕНТ ДООЕЛ Скопје, во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков.
Прашања кои се наметнуваат: Кој и зошто го продал ова државно богатство кое во минатото педа по педа макотрпно се пошумувало? Кој издал дозвола? Врз основа на каков план? Дали била транспарентна и правилна постапката за издавање на дозволата?“, велат „О2 Иницијатива“.