МИ6 предупредува на можни терористички напади од ИСИС

Шефот на МИ6 предупреди дека Исламската држава се реорганизира за повеќе напади и покрај својот воен пораз во Сирија.

Алекс Јангер исто така, изјави дека е загрижен за џихадистите кои се враќаат во Европа со “опасни” вештини и врски.

Тие треба да бидат испитувани и да им се суди рече Јангер на минхенската безбедносна конференција, а пренесе ББС.

Бидејќи се соочува со губење на последните упоришта во Сирија, Јангер кажа дека „е веројатно припадници на ИСИС да се вратат на терористички напади, наместо конвенционално војување“. Кога некоја организација ќе се стави во таква позиција , најверојатно ќе ги употреби вештините и врските што ги прават потенцијално многу опасни, рече тој.
Тој, исто така, предупреди за “оживување” на Ал Каеда, терористичката мрежа одговорна за нападите на 11 септември врз САД.

На Минхенската безбедносна конференција присуствуваат 40 шефови на држави и 100 министри – вклучувајќи ги и канцeларката Ангела Меркел, американскиот потпретседател Мајк Пенс и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Содржината на „Минхенскиот извештај за безбедност“, кој содржи 100 страници, е загрижувачка. Како што пишува Дојче веле, во Извештајот се наведува дека „Настапува нова ера на борба за власт меѓу САД, Кина и Русија. Таа оди рака под рака со одреден вакуум на власт кој се однесува на либералниот меѓународен поредок“.

САД, со претседателот Доналд Трамп на чело, покажуваат малку интерес за меѓународните договори, отворено ставајќи ги под знак прашалник институциите како што се НАТО и ОН. И што е уште полошо, САД под Трамп веќе не сакаат да имаат улога на водечка сила во слободниот свет. За трансатланските сојузници, сѐ уште е тешко кога Трамп ќе ги пофали нелибералните лидери“ – без разлика дали е тоа во Бразил или на Филипините, пишува во извештајот за безбедност, објави Дојче веле.