Миа Блажевска Еминова победи во квалификациската трка во Токио

Македонската олимпијка и пливачка Миа Блажевска Еминова оствари најдобар резултат во втората квалификациона трка во дисциплината 100 метри слободно.

Таа на ОИ во Токио го освои првото место со време од 57 секунди и 19 стотинки.

Пентаесетгодишната Миа ја постигна Б-олимписката норма пред нешто повеќе од еден месец, на Меѓународниот пливачки митинг во Белград.