Мицевски: Да ги задржиме младите во државата, ВМРО-ДПМНЕ ги слуша младите и нуди решенија

-Мило ми е што Унијата на млади сили ме покани на нивната трибина „младински предизвици и перспективи на локално ниво. Ќе ги слушнеме младите затоа што тие се предвесници и на пркосот и на револуцијата, а јас осврнам на активностите кои ние како пратеничка група ги имаме во Парламентот и она кое го нудиме, изјави Никола Мицевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.
-Како опозиција можеме да реагираме со амандмани, меѓутоа тука е и претседателот на УМС Сергеј Попов кој ќе ги пренесе оние делови од програмата кои ние како пратеничка група во наредниот парламентарен состав како владејачка партија ќе ги имплементираме во интерес на младите во државата.
Да успееме прво да ги задржиме младите, а потоа зошто да не да почнеме да враќаме и од тие продуктивни кадри кои ги има нашата држава во целиот свет.
Националниот совет, младинската програма, формирање на локални совети, во секоја институција млад соработник кој ќе работи за младите и нивните проблеми, Агенцијата за млади и спорт да направи истражување кои се потребите на младите и многу други проекти и мерки кои ВМРО-ДПМНЕ ги планира во својата програма.
Тука сме да ги слушнеме младите, да ги видиме проблемите, и да бараме решавање на тие проблеми“, рече Мицевски.