Mицевски: Датумот за избори предложен од Заев реално и физички е неостварлив

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕво отвореното студио на 24 анализа изјави дека не се согласува со тврдењето на владата дека ситуацијата е под контрола и рече дека неконтролата на граничните премини на почетокот на кризата и спората реакција на владата допринеле да дојдеме во оваа ситуација.

„58 часовен карантин е многу, треба да има време за излегување на граѓаните и треба да се земе в предвид психичкиот момент на граѓаните. Велигденскиот карантин беше долг и граѓаните реагираа сензитивно. Сите треба да  работиме за здравствената едукација и ако не го сфатиме ова како што треба, пандемијата ќе ни се провлекува. Ние имаме около 100 ново заразени или околу 10-11 починати. Она што допринесе на целата оваа состојба по мене е мекиот однос на самиот почеток на кризата од страна на владата однос на првото доаѓање на луѓето кои што работеа во странство и неконтролата на граничните премини како и на нивното престојување односно движење низ Република Македонија. Тоа ја прошири пандемијата во Република Македонија, не дека Република Македонија ќе беше имуна на целата состојба со тоа што се случува. Меѓутоа спората реакција од страна на владата, несфаќање на доволно сериозно на проблемите кои се појавуваа на почетокот допринесе да дојдеме во оваа ситуација.“ – рече Мицевски.

Мицевски рече дека во однос на литијата во Струга каде имаше масовно групирање, вели дека немало новозаразени, на што Манчевски го демантираше. Костадиновски застана во одбрана на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Сите го напаѓате Чулев за што и да се случи, за сите ситуации, за прославата на МВР, за случките во Чаир и Сингелиќ. Министерот Чулев на секоја седница на владејачкото мнозинство е единка и не може неговите барања да излезат на површина.“ – рече Мицевски.

Во врска со изборите, Мицевски вели дека се јасни ставовите на политичките партии. тие остануваат на претходните четири ставови околу изборите.

„Датумот кој беше фиксно предложен од Заев е реално и физички неостварлив. Во интерес е на државата да има дата со кога ќе нема опасност за здравјето на граѓаните, ќе има фер избори, мониторирани од набљудувачи, а тоа во моментов е неостварливо.“ – рече Мицевски.